Месиќ: Кирилица мора да се воведе во Вуковар

Од:

Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ смета дека Хрватска треба да ја спроведе одредбата од Уставниот закон за правата на националните малцинства.

-Никој во Вуковар не се бори против кирилица, туку против агресијата на ЈНА и паравоените организации. ЈНА службено го користеше екавскиот говор и латинично писмо. Затоа тие што велат дека во Вуковар се води војна против кирилицата, лажат –изјави Месиќ за „Нов лист“.

Зборувајќи дека Хрватска денес е правна држава, Месиќ рече дека некој сака државата која влегува во Европската унија да не ги спроведе своите закони.

Тој додаде дека воведувањето на двојазичност нема никаква врска со сегашната власт, бидејќи законот е донесен уште пред 11 години.

„Нов лист“ пренесува дека организаторите на антикириличниот протест кој се одржа минатата сабота, се сретнале со претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ и шефот на Сабор, Јосип Леко.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик

(ВИДЕО) Хрватска еуфорично го пречека Бејби Лазања: Ние сме деца кои се направија сами