(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ две години одолговлекува со реализација на Клиничката болница во Штип

Од:

„Болницата во Штип, изградена во 1937 година, е најрелевантниот пример за изгледот на здравството во нашиот град!
ВМРО-ДПМНЕ имаше решение како да ја замени ужасната состојба во која престојуваат пациентите и персоналот, со болница изградена по европски стандарди, но неспособната власт дури две години не може да најде заеднички јазик со веќе избрана компанија.

Сето она за кое ВМРО-ДПМНЕ укажуваше во изминатиов период, конечно се покажа како вистина. Две години на објектот на Клиничката болница нема никаква градежна активност и ако судиме по тоа што досега веќе е направено, постои голема можност и во 2020 година, објектот да го затечеме во иста состојба“, рече Вишна Шорова-Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

„Оваа година Клиничката болница во Штип требаше свечено да биде пуштена во употреба. Од оваа година ќе се овозможеа современи услови за здравствена заштита за над 200.000 граѓани во источниот и југоисточниот регион.

Но, наместо да се грижат за граѓаните, политичката елита во Министерството за здравство изгледа повеќе се грижи како да фаворизира компании, како да вработи партиски кадар или како да полни џебови на поединци, за сметка на здравјето на сите пациенти во Источна Македонија.

Изгледа власта мисли дека со одолговлекување на реализацијата на овој проект, граѓаните ќе заборават чија беше изградбата на Клиничката болница.

Затоа, по не знам кој пат, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја разбуди свеста на оваа неодговорна и неспособна власт и ја потсетува дека поминаа две години откако се на власт и со секоја постапка докажуваат дека ниту знаат, ниту можат да направат нешто за благосостојбата на граѓаните!“, изјави Вишна Шорова-Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство