Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Од:

Во штипско Ново Село денеска се одбележаа 102 години од убиството на Тодор Александров на планината Пирин. Здружението на граѓани од Ново Село-Штип традиционално ја организираше панихидата за Александров во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, каде што и бил крстен. Граѓани од штипско Ново Село, пратеникот во македонското Собрание, Душко Иванов, претставници од Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, членови на патриотски здруженија од неколку градови во земјата положија цвеќе пред неговиот споменик, кој се наоѓа кај паркот Јавор.

Тоше Ристов од Здружението на граѓаните од Ново Село-Штип истакна дека денеска од родното место на Александров уште еднаш беше оддадена почит кон неговиот живот и дело.

– На овој ден 31 август 1924 година на планината Пирин е убиен Тодор Александров. По тој повод секоја година традиционално организираме панихида. Денеска тоа го направивме во православниот храм „Успение на пресвета Богородица“, каде што е крстен. Тој е роден во Ново Село, неговата семејна куќа се наоѓа овде, која била запалена 1905 од страна на турскиот аскер. Неговото семејство се иселува од Ново Село на еден насилен и брутален начин, а неговите сестри се населуват во повеќе балкански држави – вели Ристов.

Но, покрај традиционалното одбележување, жителите на старата штипска населба Ново Село велат дека споменот на Тодор Александров и неговото дело треба да се чува секојдневно.

– Ние како Новоселци имаме обврска да ги почитуваме овие личности, да им дадеме достојна почит и чест и не само ние, туку и идните генерации, бидејки живееме слободно благодарение на некој начин на неговата пожртвуваност и борба, рече Ристов упатувајќи апел на младите генерации да се интересираат за историските личности.

Тодор Александров е роден во 1881 година во штипско Ново Село, а загинал во 1924 година на планината Пирин. Во штипско Ново Село над 30 години се одбележува смртта на Александров, кој бил учител и еден од водачите на историското ВМРО.

Би можело да ве интересира

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он