Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Од:

Четириесет и двегодишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател.

-Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни основи да врши уплата на различни сметки во странство, а откако ги реализирала уплатите, за што бил запознаен пријателот, дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот-се вели во соопштението од СВР-Штип.

Инаку, претходно мета на измами беа поврзасни лица, кои на лажни лекари им даваа пари за интервенции на нивни блиски во семејството, за што од СВР-Штип апелираа граѓаните да внимаваат и случаите да ги пријавуваат во полиција.

Би можело да ве интересира

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО