Специјалното јавно обвинителство бара нов притвор за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Империја“, потврдија неговите адвокати за „Макфакс“.
Мијалков треба да биде изведен пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на обвинителката Лиле Стефанова.
Во Кривичниот суд во моментов има засилено полициско присуство.
Следната недела во Апелацискиот суд треба да се одржи јавна седница за притворот за Мијалков за случајот „Таргет-Тврдина“.
Васко Маглешов