Пазарната вредност на Мајкрософт ја надмина вредноста на Епл за првпат по осум години. Цената на акциите на тој софтверски гигант во последно време расте, додека акциите на Епл се под притисок поради информации за успорување на растот на продажбата на Ајфон.
Цената на акциите на Мајкрософт се зголеми вчера на Виолстрит за 0,6 отсто, на околу 11 долари, со што неговата пазарна вредност е 851,2 милијарди долари. Од друга страна, цената на акциите на Епл е намалена за 0,5 отсто на 178 долари и неговата пазарна вредност сега е 847,4 милијарди долари.
Епл со години е најголема американска компанија по пазарна вредност, и е пред Мајкрософт од 2010 година.