Угриновски пред утрешниот протестен митинг: Или власта ќе избрише се што е македонски или Македонија ќе победи

Од:

„Македонија Блокира“ најави дека по „Сенародниот македонски митинг“ кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија на 1 декември, ќе останат таму се до конечно распуштање на Собранието и распишување избори.

– „Македонија-Блокира“ во која членуваат 84 организации – политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и дијаспората, утре, 1 декември, во 12 часот започнува со големиот Сенароден протест пред Собранието на Република Макеоднија. Во исто време, Собранието утре започнува со расправа по нацрт-амандманите за промена на Уставот со кој се брише се што е македонско. „Македонија-Блокира“ ја започнува финалната битка со марионетската власт за одбрана на вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, рече Драган Угриновски.

Како што кажа тој, во оваа борбо или власта ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи и ќе останаме свои на своето.

– До таму е дојдено, трето нема. Или тие или ние! Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер. Ова е момент кога Татковината повикува и сите ние единствени и сплотени ќе успееме против злото во Македонија. Оваа зло што му се случува на Република Македонија има свое име. Се вика Зоран Заев кој со своите странски газди сака да сруши се што е македонско. Оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер. Повикуваме на разбирање од народот за сообраќајните гужви што ќе следат во периодот што следи бидејќи ќе има секојдневни блокади, рече Угриновски.

Тој го повика претседатеот Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на протестот.

Би можело да ве интересира

Објектот „Даре Џамбаз“ на Водно ќе си остане планинарски дом, вели Јовица Угриновски

Жарко Настоски

Додека се гласаат уставните промени, пред Собранието едвај стотина граѓани

Наум Локоски

„Македонија блокира“: Ќе се мрзнеме цел ден, промена на име нема да има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: Мицкоски глуми дека го брани името, а на странците им ветил дека нема да ги попречува уставните измени

Наум Локоски

Бачев: Бејли и Стивенсон вршат притисок врз пратеници заклучени во Собрание

Наум Локоски

ВИДЕО: Четворица приведени на протестот пред Собранието на РМ

Наум Локоски