„Македонија блокира“: Ќе се мрзнеме цел ден, промена на име нема да има

Од:

Пред Законодавниот дом започна протестот на „Македонија блокира“. Граѓаните кои се против промената на уставното име веќе трети ден паралелно со 75-тата собраниска седница на чии дневен ред се токму уставните измени, се собираат пред Собранието.

„Го повикувам македонскиот народ да излезе и да не дозволиме името да ни го сменат. Ќе останеме на овој студ колку што е доволно и ќе вршиме притисок се додека не се откажат“, изјави Драган Угриновски од „Македонија блокира“.

На протестите денеска поддршка даде и експратеничката Солза Грчева. Таа изјави дека погазено и Собранието, и народот и дражавата, и затоа дава поддршка на протестите.

„Собранието оддамна е погазено, уште на 30-ти септември, а внатре нема народни избраници, туку политички пазарџии. Сме виделе се и сешто, но ова го достигна врвот“, изјави Грчева.

Во средата на протестите се приклучија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски посочи дека тие нема да дадат легитимитет за промената на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

Денеска е неизвесно дали од опозицијата ќе се приклучат на протестите имајќи го предвид фактот, што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, свика седница на Извршниот комитет на партијата поради актуелните случувања поврзани токму со уставните измени.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да се поместам ниту милиметар, ќе ги истрпам сите притисоци, овој Парламент нема мандат да менува Устав

Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ

Османи: Овој парламентарен состав треба да ги заврши уставните измени

Ана Ололовска

СДСМ: Уставните измени се важни за европската иднина, подготвени сме да разговараме со сите партии

Лимински: Уставните измени се нешто низ кое треба да поминете

Горан Наумовски

Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав нема да има

Катерина Павлова-Николовска