ВИДЕО: Четворица приведени на протестот пред Собранието на РМ

Од:

По завршувањето на седницата за уставни промени, од страна на полицијата беа приведени четворица учесници на протестите против уставните измени кои, неофицијално, се обиделе да ја прескокнат оградата и да се упатат кон Собранието.

По завршувањето на протестот се обрати еден од организаторите, Драган Угриновски, кој рече дека ова за нив е успешен ден бидејќи не им дозволиле на пратениците да ги изгласаат уставните промени.

– Ова е успешен ден за Македонија, не им дозволивме да го изгласаат она што сакаа да изгласаат. И бидејќи не успеаја во намерата, сакаа да не испровоцираат со полицијата, рече Угриновски.

Од „Македонија блокира“ најавија нови протести против уставните промени за утре, кои ќе започнат во 12 часот. На протестите пред Собранието се приклучи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците од неговата партија.

Седницата за уставните промени продолжува утре во 13 часот, кога ќе започне дискусијата за поднесените амандмани.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота