На 29-ти ноември во Лондон, НЛБ Банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2018 година од страна на угледниот финансиски магазин „The Banker“.
На свечената церемонија којашто се одржа на 29-ти ноември во Лондон, каде присуствуваа најдобрите банки од над 140 земји во светот, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2018 година.
За најдобра банка во Македонија за 2018 година е прогласена НЛБ Банка. Ова е деветти пат како НЛБ Банка ја добива оваа престижна награда и го потврдува приматот на најнаградувана банка во Република Македонија.
Изборот за најдобра банка се прави врз основа на повеќе критериуми: постигнатите финансиски резултати, способноста да генерира профит, да развива нови производи, услуги и технологии, да ги опслужува своите клиенти и да се здобие со стратешка предност.
НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,6 мил. ЕУР во 2017 година и добивка од 30,2 мил. ЕУР за првите девет месеци од 2018 година. Одличните резултати на НЛБ Банка се резултат на континуирани и интензивни продажни активности во сите сегменти од работењето, квалитетни финансиски услуги, подобрување на наплатата и намалување на портфолиото на нефункционални побарувања, како и значајни инвестиции во дигиталните сервиси со цел нивна поголема достапност и функционалност.
НЛБ Банка АД Скопје согласно својата стратегија, во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на оптимизирана и персонализирана понуда, согласно потребите на различни сегменти на клиенти. Банката продолжува да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација и унапредување на банкарските процеси. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, Банката континуирано ја осовременува и мрежата на експозитури, со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги преку современите или традиционалните канали за продажба.
Платен ПР текст