Црна Гора бара пристап до српската амбасада во Подгорица, каде што избега обвинета за терористички напад

Од:

Министерството за надворешни работи на Црна Гора ја го повика амбасадорот на Србија, Зоран Бингулац и му била врачена нота со барање, српската амбасада да овозможи пристап на црногорските власти во просториите на амбасадата.

Барањето доаѓа откако Бранка Милиќ, една од обвинетите во случајот за обид за терористички напад на парламентарните избори во 2015 година, пред неколку дена го напушти судењето и влезе во српската амбасада во Подгорица.

Од министерството за надворешни работи на Црна Гора наведуваат дека барањето е во слад со Виенската конвенција за дипломатски односи.

– Пристапот на надлежните органи на Црна Гора во просториите на амбасадата на Србија во Подгорица е во склад со националната потерница распошана за обвинетата Милиќ по наредба на Вишиот суд во Подгорица, се вели во соопштението.

Државниот секрар на црногорското МНР, Зоран Јанковиќ побарал брз одговор од Србија и подвлекол дека министерството и другите надлежни органи и понатаму ќе постапуваат во склад со меѓународното право, правниот поредок на Црна Гора и дипломатската пракса во цел овозможување на непречено судење.

– Бингулац истакна дека го цени дипломатскиот пристап на Црна Гора во врска со овој случај, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Почина Матија Шаркиќ, голман на фудбалската репрезентација на Црна Гора

Земјотрес во Црна Гора