А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

by А1он20/11/2018 - 11:33414
Share0

Денешното рочиште за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски продолжи со репродуцирање на снимките на МВР направени при апсењето пред ресторанот Воденица.

Добивај вести на вибер

На снимките се гледа претресот на автомобилот на оштетениот Љубе Бошкоски од страна на инспектори од МВР. При самиот претрес пронајден е пиштол Глок со полн шаржер, 17 куршуми, дозвола за носење оружје како и хрватска патна исправа на име на оштетениот.

Од снимките се гледа собирањето на доказните материјали меѓу кои и парите фрлени до автомобилот на Бошкоски.

Со оглед на тоа дека истите снимки беа репродуцирани и на минатото рочиште, обвинителот од СЈО Љубомир Лапе побара од Судот снимките да не бидат повторно емитувани, но овој предлог беше одбиено по барање на адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев велејќи дека во видеата има докази кои се во корист на одбраната.

По снимките од пред Воденица, во судницата беше пуштена и снимка како оштетениот Бошкоски го внесуваат во судот додека надвор се одвива протест поради неговото апсење.

Виктор Јованов

ljubesjotortura

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ29/03/2023 - 20:2330/03/2023 - 07:48

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 14:3523/03/2023 - 18:18

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

Анита Петровска Рајковиќ10/03/2023 - 12:30

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска08/06/2022 - 13:1408/06/2022 - 14:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен