Хрватскиот национален тим ќе биде без еден од нејзините играчи Иван Ракитиќ во дуелот со Англија од фудбалската Лигата на нациите.
Ракитиќ, кој е играч од средниот ред, се повреди на средбата на Хрватска против Шпанија, што „коцкестите“ ја добија со 3:2.
Од хрватската репрезентација не прецизираа каква е повредата на 30-годишниот играч, но тој го напуштил кампот и се врати во својот клуб Барселона.
– Имаме варијанти и без Ракитиќ. Треба да одиме на „Вембли“ и да се забавуваме, изјави хрватскиот селектор Златко Далиќ.
Натпреварот е клучен за конечниот пласман во групата 4 на Лигата А. Победникот на дуелот ќе заврши на врвот на табелата, а реми би било неповолно и за двата тима, кои ќе завршат на втората и третатата позиција, додека Шпанија би била прва.