Претседателот на Летонија го номинираше Јанис Борданс за премиер на земјата

Од:

Летонскиот претседател Рајмондс Вејонис го номинираше денеска претседателот на „Нова конзервативна партија“ Јанис Борданс за премиер и му даде рок до 21 ноември да се обиде да состави влада.

Борданс, адвокат и поранешен министер за правда, и неговата „Нова конзервативна партија“ ја фокусираа својата кампања на потребата од борба против корупцијата.

– Владеењето на правото ќе биде приоритет, истакна Борданс.

Според него, новата владина коалиција ќе вклучува пет партии и во неа нема да биде проруската социјалдемократска партија „Согласност“, ниту Сојузот „Зелени и земјоделци“.

Доколку во дадениот рок Борданс не успее да состави влада, тогаш претседателот на државата мандатот ќе му го додели на друг кандидат.

На изборите одржани на 6 октомври, најмногу места во 100-домниот Парламент освои „Согласност“ – 23, но ниту една од парламентарните партии не сака да коалицира со таа партија која ги застапува интересите на рускојазичното население.

Би можело да ве интересира

Захарова: Русија и испрати предупредување на Летонија пред тужба за дискриминација на Русите

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

A1on

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Летонија го доби првиот геј претседател

Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти земјата во рок од две недели

Одземена лиценцата за работа на независната руска телевизија „Дожд“ во Летонија

А1он