Сурферот кој што вчера исчезна во морето во Хрватска е пронајден во Италија и во моментов се наоѓа во болница во Словенија, пишуваат хрватските медиуми.
Словенецот, кој исчезна во понеделникот во морето за време на силното невреме, испливал до Трст, по што бил примен во болница.
Сурферот поминал повеќе од 25 часа на море, а се претпоставува оти преживеал поради оделото кое што го носел и поради неговата физичка подготвеност.
Покрај него, во бурата исчезна уште еден сурфер, кој успеал да доплива до обалата во Умаг, од каде шшто тргнале.