Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Од:

Силниот ветар со брзина од над 75 километри на час оштети дел од покривот на Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ во Штип.

Директорката на СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип Јованка Шалева изјави дека кога паднал дел од покровот, нема повредени ученици и наставници, а наставата се одвива без проблеми. Посочи дека утринава учениците и наставниците биле информирани да не излегуваат надвор во дворот на училиштето.

-За жал заради слиниот ветар на највисокиот дел од покровот на нашето училиштето имаме оштетување, со тоа што во најбрз временски период мора да го решаваме тој проблем, вели Шалева.

Поради силниот ветар низ населбите во Штип има и откорнати дрвја, паднати гранки, а има и пријави на оштетени автомобили.

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип Александар Арсовски информираше дека имале околу 20 интервенции, додека пак штипските пожарникари имале четири интервенции.

Според УХМР, има портокалово предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување