Силно невреме ја зафати Грција: На сила е „Црвен аларм“

Од:

Грција е зафатена од силен временски систем што носи поројни дождови, ветрови со јачина на бура и најавени снежни врнежи, при што најтешко е погоден западниот дел од земјата, соопшти денеска Националната метеоролошка служба (ЕМУ).

На сила е Црвен аларм за Јонските острови, Епир и западна Грција (копнениот дел), додека Портокалов аларм е издаден за западниот дел на Пелопонез, а од вечерва и за делови од Централна Македонија и источна Тесалија.

Поројните дождови веќе предизвикаа поплави, одрони и прекини во сообраќајот во Теспротија, јужниот дел на Крф и областа околу Месолонги. Во Месолонги, на жителите им е препорачано да го ограничат движењето, додека во јужниот дел на Крф се регистрирани над 190 милиметри дожд.

Лошото време предизвика поплави, одрони, проблеми на патиштата и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најсериозни проблеми се пријавени во Сивота и Платарија, додека за Месолонги е издадена препорака патувањата да се сведат на минимум, објави денеска весникот „Катимерини“.

Противпожарните служби и тимовите за цивилна заштита интервенираа на повеќе локации за испумпување на водата и евакуација на луѓе кои се нашле во опасност.

Во регионот на Атика, од сабота попладне се очекуваат дождови и невреме, проследени со значителен пад на температурите во недела и првите снежни врнежи на планината Парнита. За недела се прогнозира дополнително влошување на временските услови во поголемиот дел од земјата, при што се очекуваат обилни снежни врнежи во планинските предели и во градот Флорина.

На Егејското Море и во источните региони се очекуваат силни ветрови од северен и североисточен правец.

Службата за цивилна заштита апелира до граѓаните да бидат внимателни, да ги обезбедат предметите што би можеле да бидат однесени од ветерот и да избегнуваат движење во близина на поројни водотеци или по поплавени патишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

ЈП „Македонијапат“: Поради силен ветер на неколку патни правци паднати дрва и семафор

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер