Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Од:

Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со елетрична енергија на целото дебарско конзумно подрачје.

-Причина за прекинот беше испадот на 35 киловолтна доводна склопка на регулационен трансформатор во Хидроелектраната „Шпилје“. Екипите на ХЕС „Црн Дрим“ успешно го решија проблемот за кратко време и покрај лошите временски услови во поширокиот дебарски регион.

Без струја повеќе од еден час беа потрошувачите од конзумното подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

-До сега нема пријавени штети, сообраќајот во регионот се одвива по влажни коловози, но се препорачува голема внимателност поради честите одрони од камен и земја. Екипи на дебарската секција на јавното претпријатие за одржување на регонални и макистрални патишпта се постојано на терен во расчистување на истите, изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.

Би можело да ве интересира

Минчев: Македонија е решена да стане модерна европска држава, тоа не може да се постигне со стари навики

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава