Во мобилната телефонија 1,98 милиони корисници, 366.436 во фиксната

Од:

Во првите три месеци од годинава во мобилната телефонија се регистрирани 1.988.376 активни претплатници, за 1,78 проценти помалку споредено со истиот период лани. Претплатниците просечно иницирале 101,60 повици месечно, а во просек зборувале по 221,54 минути, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации.

Фиксна телефонија во првиот квартал годинава користеле 366.436 или за 1,20 проценти повеќе во однос на првиот квартал лани. Целокупниот обем на сообраќај во фиксната телефонија во првиот квартал од 2018 година во однос на истиот од претходната година бележи опаѓање за 4,89 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од 2017 година раст од 9,95 проценти. Во оваа телефонија месечно во просек имало 18 повици, а претплатниците просечно зборувале 47,38 минути.

Зголемување од 1,96 проценти има и кај вкупниот број претплатници на ТВ услуги, односно за таква услуга биле претплатени 397.402.

Услуги врзани во пакет користеле 347.526 претплатници, или за 5,39 проценти повеќе споредено со првиот квартал лани.

Би можело да ве интересира

4iG заинтересирана за влез и во Грција

Јунајтед Груп стана член на Извршниот одбор на ЕТНО

Јунајтед Груп поддржана од БЦ Партнерс постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор Винд Хелас

Ана Ололовска

Српскиот државен Телеком влегува во Македонија, веќе основал фирма во земјава

Жарко Настоски

Од 1,66 милиони претплатници во мобилната телефонија, 1,3 милиони користат мобилен интернет

Ана Ололовска

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски