Најдолгата мачка во светот Стјуи, долг 1,2 метри, почина после година дена борба со рак во домот на сопствениците во Рин, Невада. Имаше осум години, пренесуваат од новинските агенции. Во Гинисовата книга влезе во август 2010 година.
Стјуи беше раса Мејн кун која настанала во северноамериканскиот континент и е симбол на државата Мејн.
„Стјуи секогаш беше дружељубив и сакаше да се запознава со нови луѓе“, вели неговата сопственичка Робин Хендриксон.
Хендриксон го купила Стјуи во 2005-та година од Орегон. Минатиот месец, Стјуи присуствуваше на Меѓународната изложба на мачки во Портланд.
Гинисовите прогласувачи се уште не кажале кој ќе биде наследник на Стјуи. Претходната мачка Лео, исто така беше од расата Мејн кун и беше долг 1,21 метар.