А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

„Еко-живот“ најави петиција против изградба на цинкара во Кавадарци

by А1он22/10/2018 - 11:53280
Share0

Еколошкото друштво Еко-живот од Кавадарци најави петиција против изградба на цинкара близу градот. Во изјава за МИА, претседателот Роберто Паризов нагласи дека најпрвин со собирање потписи, а потоа и со сите други законски дозволени можности, ќе се борат против загадувачка индустрија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ваквата нивна реакција доаѓа по најавената заинтересираност на кавадаречки инвеститор да инвестира во линии за проширување на асортиманот, но и производство нови производи.

​– Ќе дозволат ли општинските власти уште една еколошка катастрофа во Кавадарци, јавно праша тој, нагласувајќи дека ја имаат и поддршката од Здружението “Напредни лозари”, како и од други субјекти кои се залагаат за чиста и здрава животна средина.

​Паризов додаде дека според нив, во опасност се лозаро-винарството и воопшто земјоделството во плодната Тиквешија, но најмногу здравјето на кавадарчани, кои и онака се чести посетители на скопските клиники.

Следете a1on на Youtube YouTube

​– Кавадарци и досега беше на врвот по загадување во државата. Не ни треба дополнителна загадувачка индустрија, дециден беше тој.

ekokavadarci

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:35

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Горан Наумовски04/08/2026 - 09:56

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Горан Наумовски04/08/2026 - 08:22

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:15

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски03/08/2026 - 20:0303/08/2026 - 20:15

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Горан Наумовски03/08/2026 - 15:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео