Фудбалските клубови ширум Европа со задоволство ја прифатија одлуката на УЕФА, финалистите од Лига Европа, почнувајќи од 2016 година, автоматски да добиваат место во најквалитетното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Членките на ЕЦА – Европска асоцијација на фудбалски клубови, објави информација дека мнозинството членки (61%) преку анкета се изјасниле ова правило да започне од 2015 година.
Со одлуката најдобрите две екипи од ЛЕ да играат во ЛШ, УЕФА сака да ја зголеми популарноста и интересот за второто по квалитет европско клупско натпреварување кое од самото воведување е во стагнација.