На голф терен на Флорида, луѓето кои отишле да се рекреираат, биле изненадени и исплашени од 4,5 метри долг алигатор. Тој е всушност „постојан жител“ таму, познат е под името Чабс, но последен пат бил снимен 2016 година.
– Никогаш не знаете на што може да наидете на голф терен, напиша голферот Сејџ Стрицни на Фејсбук, кој и го објави видеото.
„Годзила се врати”, „Ова е најголемиот алигатор што некогаш сум го видел” – се само некои од коментарите на социјалните мрежи.