ВИДЕО: На седницата за уставни измени присутни и Груевски, Тачи и Ахмети

Од:

Пратениците Никола Груевски, Мендух Тачи и Али Ахмети дојдоа во Собранието на седницата за уставни измени. Груевски, Тачи и Ахмети се едни од пратениците кои најретко се појавуваат на седниците.

На седницата, исто така, присутни се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но неизвесно е како ќе постапуваат со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство за да се изгласа потребата од измени на Уставот.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој не дал ветување за промена на името.

„Ниту еден пратеник не даде ветување за промена на името. ‘Нема да се дозволи промена на Устав за промена на името’- напиша ВМРО-ДПМНЕ во својата програма. И СДСМ не даде такво ветување. Значи нема услови да се влезе во ваква процедура. За промена на Устав нема консултативен референдум. Членот 73 од Уставот вели одлуката на референдум е задолжителна. Да се симне точката од дневен ред“, предложи димовски.

По ова, пратениците го усвоија дневниот ред со 71 глас „за“ и 40 „против“.

Дебатата во Собрание може да трае најмногу 10 дена, но се очекува да заврши порано.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски