РПЦ и Кремљ загрижени поради одлуката за автокефалност на УПЦ

Од:

Руската православна црква (РПЦ) најави „цврст и одлучен одговор“ на одлуката на Вселенската патријаршија да продолжи со постапката за давање на автокефалност на Украинската православна црква (УПЦ).

По одлуката на Цариградската патријаршија денеска реагираше и Кремљ, истакнувајќи дека политички и дипломатски ќе ги брани Русите и луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина од каква било илегална активност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е многу загрижен поради обидот за раскол во православната црква.

– Ние сме запознаени со реакцијата на Руската православна црква на вчера донесената одлука од страна на Константинопол (седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул). Повеќе пати кажавме дека сме многу загрижени поради плановите за преземање на чекори кои би можеле да го поделат христијанскиот православен свет, наведе Песков.

Тој додаде дека „руските секуларни власти не можат да се мешаат во меѓуцрквениот дијалог, никогаш не го правеле тоа и нема да го прават во иднина“.

Цариградската патријаршија по вчерашната редовна седница на Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија. Со укинување на таа одлука Вселенската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил по одлуката изјави дека тоа е „легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“.

– Во досегашната историја нема ниту еден преседан Вселенската патријаршија така отворено и категорично да се меша во прашањата на друга православна црква, истакна портпаролот на патријархот Кирил, Александар Волков.

Одлуката на Цариградската патријаршија вчера ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.

– Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.

Би можело да ве интересира

Ѓукановиќ: СПЦ и Руската православна црква се алатки во рацете на политиката на Путин

А1он

РПЦ стравува дека Грција насилно ќе ги протера руските монаси од Света Гора

А1он

Москва ја поддржа одлуката на СПЦ да ја призне МПЦ

А1он

Оние кои ќе одбијат да се вакцинираат се грешници, прогласи Руската црква

Жарко Настоски

Руската православна црква предлага прекин на благослови за оружја за масовно уништување

Драган Поповски

РПЦ: Со намерата да го реши македонското црковно прашање, Вартоломеј ја „удри во грб“ СПЦ во Црна Гора

Ана Ололовска