Оние кои ќе одбијат да се вакцинираат се грешници, прогласи Руската црква

Од:

Руската православна црква ги нарече грешници сите кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирусот, додавајќи дека овие луѓе се осудени на барање прошка до крајот на животот.

Со податоците за повеќе од 24.000 нови случаи на коронавирус за 24 часа, од кои речиси 6.600 во Москва, руската црква ги повика верниците да се вакцинираат.

Од почетокот на пандемијата во Русија се заразија повеќе од 5,6 милиони лица, додека вирусот, според официјалните податоци, однесе речиси 139.000 животи.

Митрополитот Иларион од Московската патријаршија изјави дека луѓето кои одбиваат вакцинација прават грев.

-Секој ден гледаме луѓе кои ги посетуваат свештениците да признаат дека одбиле да бидат вакцинирани, што, несвесно, предизвикале нечија смрт. Грев е да се мисли само на себе, а не на другите, рече Иларион.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски