Русинот Хабиб Нурмагомедов успеа да го постигне да го совлада поранешниот шампион, Ирецот Конор Мекрегор и да ја запише 27 победа без ниту еден пораз.
OHHHHH MY KHABIB DROPS MCGREGOR!!!!#UFC229 pic.twitter.com/4rBF7QbRey
— UFC (@ufc) October 7, 2018
Конор претходно влезе во историјата на УФЦ освојувајќи два појаси во две различни категории. Од самиот почеток беше побавен отколку вообичаено, а Хабиб тоа знаеше како да го искористи. Русинот тргна на своето најсилно оружје – соборување. Тоа го успеа уште по првата минута од натпреварот и остатокот од рундата го помина над Конор.
По победата Нурмагомедов не му пружи рака на противникот во духот на спортист туку се залета да продолжи да се бори со него. Откако судијата го оттргна од Конор, Хабиб го извади штитникот за заби, го гаѓаше тренерскиот агол на популарниот Ирец и почна да ги пцуе. Недолго потоа ја прескокна оградата и почна да се тепа со тренерскиот дел на Мекрегор.
https://www.youtube.com/watch?v=yxlCaaTOp1g