Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Од:

Професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг (31) почина од повредите со кои се здоби во Лос Анџелес.

Милик стоел на улица и разговарал со девојка која седела во автомобил, по што им пришол друг автомобил од кој пукале во боксерот.

Бирдсонг првично бил ранет и откако почнал да трча кон неговата куќа, двајца излегло од возилото и продолжиле да пукаат во него.

По пристигнувањето на брзата помош тој бил пренесен во болница каде била констатирана смрт, а од полицијата велат дека бил погоден со седум куршуми во пределот на торзото.

Насилниците се уште се во бегство, а се уште не се познати другите детали од случајот, а не се знае точно зошто бил нападнат боксерот.
Инаку, Бирдсонг е професионалец од 2017 година, а во кариерата собра 15 победи, од кои 10 со нокаут, а само еднаш беше поразен.

Неговиот последен настап беше во март кога го победи Џери Бредфорд, а се бореше во велтер категорија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Кирјос за казната за Синер: „Нема правда…“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“