„Вардар“ со убедливи 3:0 ја совлада „Академија Пандев“ на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари во рамки од деветото коло од Првата фудбалска лига.
„Црвено-црните“ поведоа со гол од пенал, кој во 30-та минута го реализираше Дарко Мицевски. Владица Брдаровски во 73-та минута ја зголеми предноста на „Вардар“, а 84-та минута истиот фудбалер повторно беше прецизен и ги постави конечните 3:0.
Во останатите натпревари од колото „Шкендија“ ремизираше 2:2 против „Ренова“. Бесарт Ибраими во 23-та минута и донесе предност на „Шкендија“ од 1:0. Но, Влатко Стојановски во вториот дела направи пресврт за „Ренова“ и во 53-та минута израмни од пенал, а две минути подоцна повторно беше прецизен за водство од 1:2.
Поради исклучувањето на Физник Зука во 67-та минута, „Ренова“ остана со играч помалку, а тоа го искористи Егзон Бејтулаи и со погодок на 11 минути пред крајот на натпреварот ја спаси „Шкендија“ од пораз.
На стадионот во Чаир, „Шкупи“ одигра нерешено 1:1 против „Работнички“. Себастијан Херера постигна автогол и во деветата минута му донесе водство на „Шкупи“, но Петар Петковски во 63-та минута беше прецизен за израмување.
„Беласица“ и „Силекс“ ремизираа 1:1, а „Македонија ЃП“ на домашен терен ја совлада „Победа“ со 1:0.