Могерини – Хан: Парламентот е повикан да го имплементира договорот за името

Од:

Високата претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во заедничка изјава изразија поддршка за референдумот и наведоа дека сега, откако големо мнозинство го поддржало договорот со Грција, на потег е Парламентот да ги донесе измените во Уставот.

Хан и Могерини во изјавата го поздравуваат, како што велат, мирниот и демократски процес на гласање, истакнувајќи дека големо мнозинство го поддржале договорот со Грција за промена на името со што, како што велат, е отворен патот за почеток на преговори за пристапување во Европската Унија.

„Ова е историска можност не само за помирување во регионот туку и за решително поместување на земјата кон ЕУ. Парламентот сега е повикан да продолжи со следните чекори за имплементација на договорот за името преку одлука за усвојување на уставните измени“, пишува во заедничката изјава.

Останува на сите политички и институционални актери, продолжува изјавата, сега да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички линии. Могерини и Хан истакнуваат дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата, нејзините институции и сите нејзини граѓани.

Би можело да ве интересира

Могерини и Санино се пуштени на слобода по сослушувањето за наводни неправилности во ЕУ проект

Горан Наумовски

Покрај Федерика Могерини, уапсен е и Стефано Санино како дел од истрагата за злоупотреба на средствата од ЕУ

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски

Трамп објави трговски договор со Јапонија: Ќе инвестира 550 милијарди долари