Три општини од Тиквешијата со заеднички проект против заматувањето на водата за пиење

Од:

Три општини од Тиквешијата имаат заеднички проект со кој ќе се решава заматувањето на водата за пиење после обилни врнежи од дожд.

Проектот е насловен КАНЕРО, според првите букви на општините Кавадарци, Неготино и Росоман, кои со вода се снабдуваат од регионалниот водовод Лукар. Според кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, ова е еден од поголемите инвестициски проекти, а со неговата реализација, ќе се реши големиот проблем со заматеноста на водата по поројни дождови.

– Вкупната инвестиција изнесува четири милиони и 390 илјади евра, без ДДВ. По нејзината реализација, се очекува подобрување на квалитетот на водата за пиење на шеесет илјади граѓани, во 69 населени места, како и заштита на нивното здравје, вели Јанчев.

Со проектот се предвидува рехабилитација на транспортната линија, со што ќе се намалат и загубите на вода. Должината на цевките кои ќе бидат заменети е 8.455 метри. Се предвидува и станица за третман на водата, прва таква во Вардарски регион.

Кавадаречкиот градоначалник информира дека проектот ќе се финансира со донација од Словенија, како и со финансиски средства од државата, но и од трите општини, согласно на нивната големина.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

Финансиската полиција поднесе кривична за градоначалникот на Росоман

Горан Наумовски