Почна бербата на јаболка во Преспа

Од:

Со симболично откинување на првото јаболко денеска, на верскиот празник Крстовден официјално почна годинашната берба на Преспанското јаболко.

Првите јаболка ги откинаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, евроамбасадорт Самуел Жбогар, амбасадорката на УНДП Луиза Винтон и градонашалникот на општина Ресен Живко Гошаревски.

Посакувајќи им успешна и бериќетна берба, со нови пазари и можности за сите што егзистираат од јаболката во општината, Гошаревски посочи дека во Преспа јаболкото е застапено на околу 4.000 хектари, а годинава се очекува рекордни околу 150.000 тони

– Со децении наназад Преспанци од овој ден се преселуваат во своите овоштарници за навреме да го приберат годишниот род на јаболка, кој според земјоделските стручњаци, есенва ќе биде со рекордна реколта. Се очекува да се наберат околу 150.000 тони од кои околу 60.000 тони ќе биде индустриско, истакна градоначалникот.

Капацитетите на општинскиот дистрибутивен центар, според него, ќе бидат максимално исполнети со одкупени 5.000 тони јаболка, но нагласи дека се потребни уште вакви капацитети за обезбедување пласман на јаболкото.

– Со влез во НАТО и ЕУ ќе се остварат ваквите цели и ќе се стабилизира цената на јаболкото, а нашето јаболко покрај на Рускиот и на пазарот на Блискиот исток ќе заврши и на европските пазари. ЕУ фондовите со нивната финансиска помош ќе придонесат за модернизација и осовременување на јаболковите насади, изградба на ладилници за складирање и калибраторски системи преку кои ќе се стандардизира пакувањето и ќе се постигне повисока цена за јаболкото, рече Гошаревски.

Ресорниот министер, потсетувајќи на мерките што Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги реализира за поддршка на овоштарството, нагласи дека ги анализираат состојбите со индустриското јаболко и вети дека нема да ги остават граѓаните сами.

– Поради штетите од невремето ќе има поголема количина на индустриско јаболко. Знаеме дека капацитетите за складирање 20.000 тони индустриско јаболко се мали, но нема да ги оставиме граѓаните сами. Владата ќе носи мерки и политики за откуп на индустриското јаболко во интерес на сите, рече Николовски.

Говореше и за придобивките од евроатланската интеграција на земјата, посочувајќи дека Ресен е лидер во користење на ИПА фондовите во првиот повик. Годинава, додаде, во Македонија на само еден повик биле склучени 919 договори во износ од 16 милиони евра, што според него, толку вкупно се склучени во претходните девет години во делот на ИПАРД.

– Рекордни 142 договори се склучени до денеска за подршка во механизација, нови трактори, опрема во преработувачките капацитети. За 2019 година ќе дадеме силен поттик и на секундарното производство, истакна Николовски.

Во рамките на 18-тиот „Преспански јаболкобер“ на градскиот плоштад „Цар Самоил“ има и саем на земјоделска механизација, ликовна работилница насловена „Јаболко на хартија“ и презентација на традиционална кујна. Во Општината ќе се одржи трибина „Предизвици и придобивки од ЕУ ориентирано земјоделство“.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски

Почна бербата на јаболка во Преспа

Од:

„Едно јаболко во денот, докторот надвор од дома“ е мото под кое денеска се одржа јаболкобер во Ресен. Симболично првото јаболко на годинашниот преспански јаболкобер го откина министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

– Преспа е носител на јаболковото производство во државава. Како Министерство правиме конкретни напори за подобрување на условите, не само за производството, туку и за пласманот, рече министерот Димовски.

Годинашниот род ќе тежи околу 100.000 тони и може да донесе 25 милиони евра во Преспа. Во преспанскиот јаболков басен од година во година се зголемуваат овошните насади, а во последно време се слушаат сугестиите на европските експерти па се садат нови сорти што ги бараат европските пазари. Можеби тоа ќе придонесе за подобар пласман. Овоштарите се задоволни и од родот и од квалитетот.

Манифестацијата „Преспански јаболкобер“ ќе трае три дена и ќе биде збогатена со културно-забавна програма.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници