Во просториите на Square 21 денеска беше промовиран идеолошкиот и аналитички центар Conservative.mk. Платформата Conservative.mk претставува идеолошки и аналитички центар која во себе спојува политички и граѓански активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот како десно или центар-десно политичка ориентација. Дел од Conservative.mk се патриотскиот институт „Христо Узунов“, ВМРОпедија – онлајн енциклопедија за македонската револуционерна борба, УДАР – здружение на македонски патриоти и социјалниот медиум Приказни од Булеварот.
Настанот што беше проследен од повеќе од 200 присутни, беше поделен на 2 дела, обраќања на дел од иницијаторите за создавање на платформата и дебата на тема: „Разбирајќи го конзерватизмот.“
Во првиот дел свои пригодни обраќања имаа: Александар Богоевски- главен уредник на интернет списанието „Conservative.mk“, Стјепан Покупец- уредник во „Conservative.mk“, Кристијан Мицкоски- управител на патриотскиот институт „Христо Узунов“ и Стефан Василевски- управител на платформата „Conservative.mk“.
Вториот дел од настанот беше дебатен и во него земаа учество: Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија, проф. д-р Самоил Малчески, поранешен студентски лидер и политички аналитичар, Кристијан Шкварек- претседател на контролниот совет на Младински конзервативен клуб во Софија (Бугарија), политички аналитичар и автор во сајтот „Conservative.bg“ и Бобан Тотовски, претседател на Е-спорт федерација на Европа.
Специјални гости на настанот беа претставници на бугарската интернет платформа „„Conservative.bg“, на чело со главниот уредник на проектот Николај Облаков.
Настанот беше воден од Јована Спасевска, член на УК на Граѓанско демократска унија-ГДУ и дел од уредничкиот тим на „Conservative.mk“.