Кинез од Донгуан, за својот 13-годишен син најде необична дадилка, односно голем питон. Чан Ли и неговата жена, го оставаат својот син Аџе сам во куќата со питонот долг повеќе од четири ипол метри.
Малиот Аџе се родил шест години подоцна, откако неговиот татко го вдомил големиот питон.
– Секогаш сум ги гледал како прекрасни суштества и многу ме интересираше како ќе се однесува откако ќе се роди мојот син, изјави Ли.
Наместо да се плаши, Аџе многу често се гали со него, особено во летните денови, бидејќи змиската кожа го лади.
– Кога станавме сигурни дека нема да го повреди, почнавме да ги оставаме сами. Тие се неразделиви, додаде Ли.
Питонот стана дадилка на нивниот син, бидејќи Ли смета дека киднаперите не би се осмелиле да налутат змија. Соседите се чудат за изборот на дадилката, но нему тоа не му претставува проблем.
– Таа е многу внимателна со мене, никогаш не ме стега силно, изјави Аџе.