Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се вклучуваат во заеднички проект за развој на женскиот фудбал.
Се работи за финансирање на едукација за женски тренери со цел подобрување на квалитетот во женскиот фудбал во Македонија.
– Во проектот „Развој на фудбалски тренери (жени)“ ФФМ и УЕФА се договорија да финансираат жени-тренери кои се заинтересирани за едукација за добивање на УЕФА Б Диплома. Во склоп на оваа акција, УЕФА ќе ги покрие трошоците за курсот и спортска опрема додека ФФМ ќе ги покрие трошоците за сместување и едукативни материјали, информираат од ФФМ.
Заинтересираните кандидатки повеќе информации за проектот можат да добијат на веб страницата на ФФМ.