Панел-дискусија „Дебатираме за НАТО“

Од:

Панел-дискусија „Дебатираме за НАТО“ на која е предвидено да учествуваат меѓународни и домашни експерти денеска ќе се одржи во Министерството за надворешни работи, во организација на Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции, со поддршка на МНР на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија.

Целта на настанот е преку интерактивен пристап да се поттикне аргументирана дебата за предностите на членството на земјата во НАТО.

На настанот во својство на панелисти ќе учествуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи на Република Бугарија Соломон Паси, амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Вилем Ваутер Пломп, претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија Исмет Рамадани, Никола Тодоров, адвокат и поранешен вицепремиер и министер за здравство, Петар Богојески, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, како и претставникот од НАТО Инфо Центарот во Црна Гора, Драган Копривница.

Би можело да ве интересира

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“