Се спојуваат кавадаречката Општа болница и Здравствен дом Кавадарци

Од:

Се спојуваат кавадаречката Општа болница и Здравствен дом Кавадарци. Со владина одлука, од денеска овие две институции ќе функционираат како еден правен субјект, Јавна здравствена установа Општа болница, со проширена дејност.

Новиот правен субјект е регистриран и во Централен регистар и ќе функционира како поранешниот Медицински центар.

– Целта на ваквото здружување е пациентите да добијат квалитетна медицинска услуга, појаснува в.д директорот, д-р Диме Коцев.

Службата за итна медицинска помош, лабораторијата, превентивната детска стоматологија, продолживаат да функционираат како и досега. Пациентите, нагласува, нема да почувствуваат никаква промена, освен што ќе добијат поквалитетна медицинска услуга.

– Со оваа формално правна промена се врши рационализација на трошоците, кадровска екипираност, повеќе медицинска опрема, а се со цел да се зголеми нивото на здравствена заштита и медицината да се приближи до граѓаните. Сите вработени остануваат на работа, нагласува Коцев.

Се очекува ова здружување да донесе и позитивни ефекти во работењето на јавното здравство во Кавадарци, како регионален медицински центар.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата