Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Од:

Оваа година традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт, ново интернационално име „Skopje Beer Fest“, нова локација, како и нови културно забавни содржини за љубителите на пивото.

„Skopje Beer Fest“ ќе се одржи од 20-ти до 22-ри септември на стадионот на Армијата во Градски парк, а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

„Skopje Beer Fest“ оваа година на посетителите ќе им понуди различни видови на пиво од Македонија и светот, атрактивна сцена за артистите, богата локална кујна, одлична музичка програма, како и голем број забавни активности.

Новиот концепт на „Skopje Beer Fest“ има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, креирање на можност за зголемена продажба и промоција на сите пивски брендови, како и промоција на Град Скопје како град на љубителите на пивото.

Би можело да ве интересира

Пивата, соковите и минералната вода од утре со гарантирана пониска цена

A1on

Нема извоз на германско пиво за Русија, голем проблем за пиварниците од Баварија

Пиварите од Баварија речиси и не испорачуваат пиво во Русија

А1он

СКОПСКО SMOOTH ЈА ЛАНСИРАШЕ Smooth ON – Свежа музика на само клик од тебe

Горан Наумовски

„Експензивити“: Македонците трошат 260 евра годишно на пиво

Ана Ололовска

Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Жарко Настоски