Швајцарскиот фудбалски репрезентативец со потекло од Косово, Џердан Шакири, кој ќе гостува со Ливерпул на Црвена Ѕвезда во натпреварот од Лигата на шампионите оваа есен, рече дека не се плаши да пристигне во главниот град на Србија.
Шаќири на Светското првенство во Русија пред два месеца, голот против Србија го прослави со спојување на рацете во форма на двоглав орел што беше причина за критики, како во Србија, така и во Швајцарија.
На најавите дека тој ќе биде изложен на голем притисок во Белград од страна на Шаќири, фудбалерот одговори:
– Не дозволувам ништо да ме исплаши. Читав се што беше напишано. Одам сосема нормално, да играм фудбал. Од никого не се плашам, изјави Шаќири.
Ливерпул на 6 ноември ќе гостува во Белград на уште отсега распродадениот стадион „Рајко Митиќ“.