Шаќири: Квалитетно високо образование создава генерации кои ќе умеат да се носат со предизвиците

Од:

Сите ние тука, а верувам и целата наша држава сака да ја доживее гордоста да имаме високообразовна установа на висока позиција на глобалните ранг лист на најдобри универзитети на светот. Иако тоа значи потврда за здравите институционални политики за развој на високото образование како и верификација на заложбите на самите високообразовни установи за квалитетен наставно – научниот процес, најважно е што таков универзитет или универзитети ќе создаваат генерации на академски граѓани кои ќе умеат да се носат со предизвиците на новото време, кои ќе бидат лидери на четвртата индустриска револуција и ќе бидат вреден човечки капитал што ќе се вложи во побрз развој и добробит на државата.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на одбележувањето на годишнината од оснивањето на Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност кој како самостоен стручен орган работи на унапредување на квалитетот на високото образование, интензивирање на научно-истражувачка дејност и поттикнување на меѓународната соработка.

„Квалитетно висoко образование е еден од приоритетите на Владата. На овој факт се должи зголемувањето на државниот буџет за истражувања и насочувањето на најголемиот дел од средствата кон финансирање на научно-истражувачки проекти, опремување на лаборатории и клинички сали односно планско, програмско и грантово финансирање на високото образование. Обезбедувањето дополнителни бенефиции за студентите и научно-истражувачките работници, можностите за стипендии и воопшто поткревањето на системската грижа за високото образование е вистинскиот пат кон издигнување на нашето високо образование до најдобрите европски академски височини“, истакна Шаќири.

Верувам, потенцираше министерот, дека во период кој следи, како Совет ќе дадете достоен придонес во подготовката на Националната програма за високото образование, како и Ваше мислење и предлози за изготвување на Уредбата за мерила и критериуми за финансирање на високото образование и Националната програма за научно-истражувачка дејност.

Националниот совет има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог-мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност. Се формира согласно Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори, и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите