Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, е задоволен од тоа како неговиот тим одигра против Хрватска во Лигата на нациите. Шпанија победи со 6:0, а Енрике вели дека не е лесно да се игра против состав во кој се наоѓаат Лука Модриќ и Иван Ракитиќ.
– Тешко е да се победи тимот, кој притиска како Хрватска. На почетокот создадоа свои моменти. Ние го надминавме тој период. Многу е тешко да се победи националниот тим кој ги има Ракитиќ и Модриќ. Тешко е да се запре, ама ние успеавме, рече Енрике.
Шпанскиот селектор е задоволен од залагањето на неговите избраници.
– Ми се допадна ставот на играчите да работат напорно. Сите 23 беа прекрасни. Но, треба да го одржуваме нивото и во наредните месеци, додаде Енрике.