Шекеринска во Пробиштип: Вратите ни се отворени и светот ни подаде рака

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска е во посета на Општина Пробиштип, каде што истакна дека денеска на седница на Влада се носат и измените на законот, со кои рударите со бенефициран стаж ќе одат порано во пензија.

– Задоволство ми е што сум во Пробиштип, токму на денот кога Владата ја донесе таа одлука и додека сум тука во тек е дискусија и на Влада и на прес-конференција, каде што ги образложуваме овие измени. Ние сме свесни дека проблемите на граѓаните се бројни. Меѓутоа и денеска покажуваме дека еден по еден овие проблеми можат да се решаваат, вели Шекеринска.

Министерката во рамките на кампањата „Излези за Европска Македонија“ за претстојниот референдум на 30 Септември попладнево ќе има средби со граѓаните и трибина. Таа истакна дека за да се решаваат овие проблеми на граѓаните државата претходно треба да ги реши и стратешките проблеми и се посветени Македонија да ја направат членка на НАТО Алијансата и ЕУ.

– Вратите ни се отворени и светот ни подаде рака, за само неколку дена во Македонија во посета пристигнаа најмоќните луѓе во светот. Тоа покажува дека на 30 септември навистина имаме историска одговорност, да ја искористиме таа шанса и во наше име и во име на сите следни генерации. Десет години не убедуваа дека Македонија мора да тоне во изолација. Затоа што светот не не сака. Овие денови покажуваме дека тоа било лага. Покажуваме дека светот знае да ги цени напорите кои што ги направивме изминатата година, рече Шекеринска.

Таа забележа дека ова беа првите чекори, а, како што рече, клучна е одлуката која ќе се донесе на референдумот на 30 септември, за да има повеќе пари за граѓаните, општините, но и да се вратат и старите долгови и да се вложува во нови проекти.

Смета дека договорот меѓу Македонија и Грција барал и компромис од двете страни, а токму тој договор, како што вели Шеќеринска, е што ќе овозможи на Македонија да гледа во иднината, кој ќе ја гаранатира нашата посебност и еднаш за секогаш ќе ги прекине оспорувањата на македонскиот јазик и идентитет.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов забележа дека секој градоначаланик сака на граѓаните да им обезбеди добри општински услуги, повеќе пари за проекти и изградба на инфраструктурни проекти, со кои ќе им се олесни животот, а токму со влезот на ЕУ ќе се овозможи поголеми инвестиции и општините нема да тонат во долгови.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје