Амбасадорот на САД во Приштина, Грег Делави, по завршувањето на дводневната посета на претседателот на Србија Александар Вучиќ на Косово, изрази надеж дека иако ова беше „тежок викенд“ сепак посетата претставува позитивен пресврт во односите меѓу двете земји.
– Признавам дека ова беше еден тежок викенд. Ги ценам напорите за зачувување на безбедноста. Мирните протести најдобро би го прикажале Косово какво што јас го познавам, напиша Делави на Твитер.
Американскиот амбасадор порача дека „треба да се продолжи со напорна работа за да се намалат тензиите меѓу Косово и Србија и да се нормализираат односите“.
– Верувам дека овој викенд ќе претставува позитивна пресвртна точка, напиша Делави.