Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во март нема да има избори, но дека се подготвува голема владина реорганизација, а дотогаш ќе се води жестока борба против корупцијата.

На прашањето на ТВ Б92 дали се подготвуваат избори за март, Вучиќ рече дека не е можно тоа да се случи.

„Не. Не е можно. И нема да се случи. Подготвуваме голема реконструкција на Владата и таа ќе мора да биде поголема отколку што очекувавме, позначајна и во поширока смисла на Владата, не само министрите, туку исто така и директорите и сите останати Во исто време, до тој момент „Ќе видите жестока борба против корупцијата“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека многу од различни партии ќе одговараат за корупција, вклучително и оние од СНС, СПС и многу други.

– За сите злосторства што всушност ги направија врз овој народ, пред се кражби, злоупотреба на службената положба, грабеж на државен и национален имот и се останато, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа

Вучиќ: Ќе продолжам да инсистирам на дијалог, секој разговор е лековит

Вучиќ го покани Ректорскиот колегиум на дијалог

Владата и Стопанската комора го поддржуваат денешниот бојкот на големите маркети

Горан Наумовски