Македонија учесник на Меѓународниот саем во Солун

Од:

Со присуство на министерот за информатички технологии, Дамјан Манчевски и со штанд на неколку компании, и Македонија учествува на 83-от Меѓународен саем во Солун.

Министерот Манчевски денес во рамки на саемот ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Никос Папас, како и средби со претставници на грчки и американски компании.

Во текот на следната седмица, на саемот ќе присуствува и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Македонија и оваа година со штанд, на кој излагаат неколку компании, е меѓу 20-те земји учеснички на саемот.

Според најавите, годинашниот Меѓународен саем во Солун ќе трае до 16 септември, а се очекува да биде најголем до сега, со 1.500 штандови од 20 земји. Процените, пак, се дека ќе го посетат над 290 илјади посетители.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Повторно ќе почне да функционира нафтоводот Солун – Скопје

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор

Убиство во Солун: Полицаец ги однесе децата на училиште, па ја уби поранешната сопруга

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on