Капитенот на шпанската репрезентација Серхио Рамос истакна дека не очекува негативен прием од англиските навивачи, откако поради прекршокот врз фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, во финалето од Лигата на шампионите беше цел на жестоки критики.
Навивачите на Ливерпул сметаат дека Рамос е главен виновник за поразот на нивниот тим, бидејќи Салах по прекршокот беше повреден и не можеше да го продолжи натпреварот на кој Реал Мадрид славеше со 3:1.
– Не сум загрижен како ќе ме пpeчекаат навивачите. Никогаш не сум посaкувал некого да повредам намерно, мојата совест е мирна. Знам дека англиските навивачи се однесуваат кон играчите онака како што заслужуваат и затоа не се грижам, истакна Рамос.
Шпанската репрезентација вечерва и гостува на Англија во натпревар од Лигата на нациите, а ова ќе биде прва средба за Рамос со англиските навивачи по финалето во Киев.