На шестиот прислушкува разговор кој денеска се пушти во судницата за рочиштето за предметот „Тортура“ се слуша како Влатко Мијалков му вели на својот брат дека повеќе се радува на апсењето Бошкоски повеќе отколку на победата на изборите претходниот ден.
– За победата не се радувам толку како за овој, таков идиот немам видено, му вели Влатко на Сашо Мијалков.
На ова поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му вели на својот брат да причека бидејќи има уште за него.
– Слушна ли бе брат мој, знаеш сега дека ќе го јаде 10 години. Чекај сега уште ќе го јаде, му вели Сашо Мијалков на Влатко Мијалков.
Виктор Јованов