Потпретседателот на ГДУ присуствуваше на настан на ACRE во Брисел

Од:

„Потпретседателот на Граѓанско Демократска Унија, Енсер Јусуфоски, на покана на пратеничката група на Европските конзервативци и реформатори (ECR) кои се дел од коалицијата на Алијансата на конзервативци и реформатори (ACRE) Европа, присуствуваше на свечениот коктел на ACRE, што се одржа во Grand Central Брисел.

Граѓанско Демократската Унија веќе беше дел од два настани организирани од Европските конзервативци и реформатори (во Брисел и во Софија). Како партија која делува во политичкиот спектар центар-десно и стои на изразито конзервативни позиции, ГДУ, ја продолжува соработката со козервативците во Европскиот парламент. Потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски, оствари средби со претставници на ACRE, како најголема конзервативна коалиција во светот а исто така оствари контакт со претставници на Conservative International, The conservative online и European Young Conservatives. Платформата Conservative International вклучува во себе повеќе од 867 000 членови, 327 идеолошки и аналитички центри, фондации, универзитети, 73 политички партии, 36 приватни компании и 35 иницијативни комитети.

На свечениот коктел, г. Енсер Јусуфоски, оствари контакт и со членови на организацијата New Direction, основана од челичната дама на британскиот конзерватизам, Маргарет Тачер“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“