Интернатот во Кавадарци без струја, од МОН очекуваат денеска проблемот да биде надминат

Од:

Интернатот во Кавадарци е без струја, а претставници на Министерството за образование и наука очекуваат дека денеска проблемот да биде надминат.

– Министерството за образование и наука е во интензивна комуникација со ЕВН по однос на прашањето поврзано со дистрибуцијата на електрична енергија во државниот ученички дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци. Согласно разговорите, очекуваме во текот на денешниот ден, проблемот да биде надминат, стои во одговорот на прашањето на МИА, поврзано со проблемот со немањето струја во интернатот, во кој се сместени средношколци од разни делови на државата.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски