Меѓународна конференција за приватното обезбедување

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Треин Бреин Софт“ во организација на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и организациите за приватно обезбедување од Словенија, Норвешка, Романија и Хрватска.

Конференцијата е завршен настан со кој се заокружува реализацијата на ЕУ проектот „Треин Бреин Софт-стандардизиран курикулум и електронска алатка за меки вештини за приватно обезбедување“. Грантот за реализација на проектот беше во висина од 11.380.000 денари, а проектот се спроведуваше во период од 25 месеци, почнувајќи од септември 2016 година до септември годинава.

На конференцијата, како што најавуват организаторите, ќе присуствуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на Комората на РМ за приватно обезбедување Верица Милеска-Стефановска, претседателите на словенечката, романската, хрватската и норвешката комора за приватно обезбедување, како и Љупка Ќуркчиева од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицајци тепале обезбедување на казино

A1on

Чувар во фирма погоден со дијабола

Колеги обезбедувачи во скопско училиште се тепале на 1 април

Жарко Настоски

Телохранител на Ердоган се самоуби, во прошталното писмо напиша дека го малтретирале шефовите

Жарко Настоски

ВИДЕО: Обезбедувањето на Талат Џафери залегнато во тревникот пред Собрание

А1он

Муковски, Василевски, Арнаудов останаа без обезбедување